еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската фондација “Македонија“ ќе отвара нови онлајн медиуми во Македонија

Контроверзната бугарска фондација „Македонија“ најавува отварање на нови онлајн медиуми во Македонија, но и новинарско студио од кое ќе емитува онлајн телевизија.

Истата како што и е познато на македонската јавност е водена од Виктор Стојанов, на кого му е забранет влез во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија финансира медиум во Македонија, открива уредникот на медиумот

„Нашите медиуми во Северна Македонија стануваат 5. Во септември планираме да отвориме студио во Скопје, од каде ќе се емитуваат нашите програми и вести за нашата онлајн телевизија во Македонија“, соопштија од Фондацијата на Фејсбук.

Од Фондацијата упатија и повик за донации за медиумите, но и за купување македонски фудбалски клубови.

Од таму соопштија и дека истата деновиве ќе преземе фудбалски тим од Македонија со поддршка од 15.000 евра за целата сезона и дека со тој буџет ќе се овозможи тимот од трета да се рангира во втора лига.

Досега Фондацијата беше одбиена од два македонски фудбалски клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската фондација “Македонија“ во „поход“ да купи македонски фудбалски клуб, од Вардар и Брегалница ја одбиле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Њујорк Тајмс“: Вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ веројатно создаваат траен имунитет

Редакција

Јохан Тарчуловски: Ако гласам за уставните измени, нека бидам убиен

Редакција

Сите детали: Што пишува во предлогот за измени на Законот за државјанство што предизвика хаос на социјалните мрежи?

Редакција