еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари, нивните права му се приоритет

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Северна Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичката болница ги подобри условите на Инфективниот оддел за хоспитализација на болните од Ковид-19

Редакција

За една недела 145 деца до 19 години заболеле со Ковид-19

Редакција

Што се случува со предметот “Подарок“ на СЈО во кој се гони Зоран Ставрески

Редакција