еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарскиот претседател Радев од Брисел: Во втората половина на јуни се очекува напредок за преговорите за членство на Македонија

Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

– Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно, изјави Радев.

Според бугарскиот претседател, како што јави БГНЕС, политичкото раководство на земјава „треба да се стимулира да бара дијалог“ со Бугарија.

– Да, поддршката на ЕУ е важна, но најважна е поддршката на Бугарија, а за да се случи тоа, треба да седнеме мирно и искрено на масата и да ги прецизираме сите проблеми меѓу нас и како да бидат решени.

Ние сакаме да видиме одржлив и неповратен процес, а не само декларации, додаде Радев.

Во врска со неговата претстојната посета на Рим, каде ќе патува заедно со македонскиот претседател Стево Пендароваски, Радев истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот министер Стоев: Мониторинг од ЕУ е гаранција дека Македонија ќе ги исполнува договорите

Македонија да ги почитува човековите права и рекол Радев на претседателката на Европската комисија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Уништени тенкови кои Македонија и ги донираше на Украина, тврди руската Армија

Редакција

„Еуро-фарм“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекот „Нусинерсен“ вреден 2,5 милиони евра

Редакција

(Вознемирувачко видео) Македонија згрозена: Малолетно дете во Кочани тепано од неколку мажи, таткото со оружје порача ќе се одмаздам

Редакција