еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот претседател Радев за спорот со Македонија: Бугарија треба категорично да ги брани своите права

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска порача дека Македонија треба да влезе во ЕУ, но без говор на омраза и признавање на историската вистина.

„Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“, пренесува БГНЕС.

Радев потсети и дека една година по потпишувањето на Договорот за добрососедство барал да се потпише анекс, бидејќи немало напредок и дека свикал и состанок.

„Пред една година, свикав итен состанок со владини претставници на кој инсистирав да има национална рамковна позиција која јасно ќе ги утврди нашите услови и црвени линии. Продолжувам да се залагам за тоа“, изјави Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следи ново вето за Македонија, ЕУ била „фрустрирана“ поради бугарската блокада која ја кочи и Албанија

Бугарските медиуми да не преведуваат од македонски јазик, оти тој е регионална форма на бугарскиот, бара партијата на Каракачанов

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 395 оздравени од Ковид-19

Редакција

Се намалува интересот за вакцинација: Ревакцинирани вкупно 636.193 граѓани

Редакција

Фијат Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Редакција