Бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер профилот упати честитка за празникот Илинден на Македонија.
-Честит Национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија, пишува бугарското МНР на Твитер.
Претходно, претседателот Румен Радев упати честитка до својот македонски колега Стево Пендаровски.
Бугарскиот претседател во честитката истакна дека годинава се навршуваат 120 години од „Илинденско-Преображенското востание – величествен и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Северна Македонија“.
-Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете земји и нивните граѓани, наведува шефот на бугарската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?
МИА/Фото: бугарско МНР