еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското обвинителство ги отфрли верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можна причина за несреќата во Бугарија

Изнесувајќи ги собраните до моментот информации, на денешната прес-конференција, бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба, Борислав Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

– Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни.

Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов.

Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Бугарско обвинителство: Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во несреќата во Бугарија починале од задушување, а не од ударот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Велес превентивно во изолација, неговата сопруга прегледувала двајца од заразените со коронавирусот

Редакција

Пациентка до вработените во болницата „8 Септември“: Вие сте моите херои

Редакција

Само во Македонија: Фрлале столови и шут во канализација, па барале помош бидејќи се запушила

Редакција