еМагазин
Image default
Македонија

Единаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 11 новозаразени лица од Ковид-19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се 33 пациенти, а починат е еден пациент (48г.), соопшти Министерството за здравство

– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 41 тестирања од кои 24 преку „Мој Термин“ и 17 тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.655, а во моментов активни се 192 случаи.

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со сослушување вешто лице продолжи судењето за „Таргет-Тврдина”

Редакција

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани, по кој трагаше полицијата, сам се пријавил во станица

Редакција

Синот на Џафери и сопругата на Абази се заколнаа дека ќе работат непристрасно и одговорно

Редакција