еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Цехот од дувањето на балонот за инфлацијата ќе го платат граѓаните

Граѓаните периодов беа „бомбардирани“ со информации за инфлацијата. Очекувано неспособните политичари и неа ја искористија за дневно-политички поени во време на Локални избори, но она што разочарува е дека им се придружија и дел од медиумите, кои за пусти кликови од Јелена Карлеуша и слични фаци преминаа на драматични вести поврзани со инфлацијата, заборавајќи дека на тој начин и тие придонеле за поголема нестабилност на македонската економија, која беше кревка и пред ковид-кризата, а стана уште понестабилна после истата.

На нив им се придружија и вечно незадоволните работодавци, кои речиси никогаш не спомнале тема како повисока плата, на пр., но затоа пак тематата инфлација им легна ептен.

Сите тие ја игнорираа проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој посочи дека проблемот со инфлацијата е моментален и нема потреба од паника, па на Македонија за годинава и прогнозираше инфлација од 3,1%, која следната година ќе се намали на 2,2%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата ќе достигне 3,1% и ќе се намали на 2,2 следната година, предвидуваат од ММФ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Дека евентуалното покачување на инфлацијата ќе биде умерено, неколку пати посочија и од Народната банка, која рака на срце е една од најздравите македонски институции и треба сите да бидеме среќни што последните години политичарите ги тргнаа своите валкани раце од неа.

Ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале догодина, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицегувернерката Нацевска: Простор за паника од инфлација нема, не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба

“Простор за паника од инфлација нема, но треба да се однесуваме одговорно и не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба, бидејќи тоа ќе се одрази на целата економијата. Подгревањето на инфлациските очекувања е нешто што може да доведе до раст на цените“, изјави таа за “Утрински брифинг“.

Да, сите треба да се однесуваме одговорно, не за друго, после ние ќе го плаќаме цехот од дувањето на овој балон. На политичарите и работодавачите ни влакно нема да им фали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Филипче оперираше со колегите: Kај 36-годишна пациентка успешно вграден стимулатор на нервот вагус

Редакција

Минатата недела 195 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските општини

Редакција