еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на горивата останува непроменета

Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Еуросупер БС-95“ ќе чини 89 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе биде 91,50 денари за литар, цената на дизелот ќе изнесува 98,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 96,50 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75 отсто во однос на вчерашната одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинанцијата против Ковид-19 во Македонија ќе почне в среда со вакцинирање на здравствените работници

Редакција

(Видео) Објавена снимка од подметнувањето на пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Редакција

„Адинг“ лани ја зголеми добивката и покрај кризата од Ковид-19

Редакција