еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на горивата остануваат исти, поевтинува мазутот

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,447 денари по килограм и сега ќе изнесува 55,291 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со денешната одлука на РКЕ, што стапува во сила од ноќеска на полноќ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 процент во однос на одлуката од 20-ти месецов.

Цената на Еуросупер БС – 95  и натаму останува 110 денари по литар, а 112 на Еуросупер БС – 98, 110 денари на Еуродизел БС (Д-Е V), а 107 денари на Екстра лесно.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 отсто, поради ризикот од корона вирусот врз економијата

Редакција

Повторно дојави за бомби во скопски училишта

Редакција