еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Вархеји ја поздрави одлуката на ГЕРБ да го поддржи „францускиот предлог“ за деблокада на евроинтеграциите на Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска на неговиот Твитер профил ја поздрави одуката на поранешниот бугарски премиер и претседател на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека ќе го поддржи „францускиот предлог“ за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија.

– Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов за донесување на историската одлука за Европа и за Северна Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, што ќе овозможи да се пристапи кон отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Очекуваме (бугарската) Влада да го достави неопходниот предлог до Парламентот денеска, со што Европа ќе може да оди напред, пишува Вархеји на неговиот профил на Tвитер.

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Борисов денеска го повика претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков до Народното собрание на земјата официјално да го достави предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија.

На вонреден брифинг во седиштето на ГЕРБ, Борисов изјави дека пратеничката група на неговата партија, која брои 59 пратеници, ќе го поддржи „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница.

– Предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија е најдобар, рече Борисов, согласувајќи се со претходно дадената изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев околу предлогот на Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

ЕУ прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка

Промената на Уставот е прв чекор кон интеграцијата на Македонија во ЕУ, Билатералниот протокол не е доволна гаранција, вели Радев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пресрет на изборите: Албанското знаме откри рогови во вреќата на Владата

Редакција

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Редакција

Спасените 12 пациенти немаат повреди од пожарот, еден починат меѓу ковид-болните во Тетово

Редакција