Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември лани, биле повисоки за еден процент на месечно ниво, а за 16,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за два процента, во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,9 проценти.
Во споредба со декември 2020 година, пак, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21 процент, во Преработувачка индустрија за 14,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 41,5 проценти.
Фото: Унсплеш