Последниве 24 часа во Куманово има четири медицински сестри позитивни на коронавирусот, а во изминативе денови биле регистрирани уште два случаја, потврдија денеска надлежните од кумановската болница и од Центарот за јавно здравје.
Вкупно шест медицински сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирус, потврди денеска директорката на болницата, Снежана Захариева.
Таа потенцираше дека e извршена реорганизација, и е изолиран медицинскиот персонал кој бил во контакт со колегите.
Во понеделникот биле извршени тестови на 71 здравствен работник во кумановската болница. Во болницата од почетокот на ширењето на коронавирусот беа заболени 18 здравствени работници.
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи потврди дека последниве 24 часа има четири здравствени работници, чии тестови биле позитивни на коронавирусот, вчера и завчера биле евидентирани по еден здравствен работник кои се позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство информираше дека во Куманово има 13 нови случаи.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка и бебе од Кочани заболени од корона вирусот се лекуваат на Инфективна клиника
Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот
Прв случај на позитивен на корона вирусoт во Пробиштип
Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово