еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ не даде предлог, до изборите министерското место на Мизрахи останува празно

До изборите министерското место за труд и социјална политика во техничката Влада ќе остане празно откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позиција по разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на прес-конференција во седиштето на партијата соопшти дека нема да предложат ново име, бидејќи, како што рече, не сакаат да учествуваат во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

– Тоа беше една процедура во која слугата на Заев, Оливер Спасовски, на начин на кој ги прекрши сите закони и политички договори, се обиде да го затскрие моментот кога јавноста, а и пратениците слушаа како всушност Зоран Заев го советувал Бојан Јовановски, како објаснува дека знаел за делувањето на Меѓународниот сојуз и ја помагал работата на телевизијата.

Сето тоа се обиде да го сокрие со смената на најдобриот министер во Владата, Рашела Мизрахи. Ние тој чин не го признаваме и немаме намера да бидеме дел од оваа игра на која основен сценарист е Зоран Заев, а извршител Сапсовски, рече Мицковски, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски со заедничка фотографија со министерката Мизрахи го коментира нејзиното разрешување

По разрешувањето на Мизрахи од страна на Собранието, техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика, но до распуштањето на Собранието таков предлог не дојде од страна на опозициската партија.

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите па се до изборот на новата Влада, раководењето со овој ресор треба да го презеде редовниот заменик-министер во ова Министерство, Ѓонул Бајрактар.

Техничката министерка Рашела Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски поради непочитување на уставното име на јавните настапи, односно поради таблата со името „Република Македонија“ пред која држеше прес-конференции.

Владата соопшти дека Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања и на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика. Овие решенија беа поништени на последната владина седница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешната министерка Мизрахи донела кадровски решенија дента кога била покрената постапката за нејзино разрешување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието Предлог-резолуцијата за македонските црвени линии

Редакција

Германски историчар објаснува зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

Редакција

Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Редакција