Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека четворица нови пациенти од Дебар се заболени од корона вирусот. Тој рече дека утринава биле тестирани 10 лица од кои за четворица се покажало дека се позитивни.
Тој информираше и дека патник од Германија, кој е наш државјанин, на аеродром бил регистриран со зголемена телесна температура и веднаш изолиран, како и луѓето кои седеле во негова близина во авион.
Филипче додаде дека се почитува забраната за влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок ризик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари
Македонија го забрани влезот на странски државјани од земји со висок ризик
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.