еМагазин
Image default
Техно

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

Изборот на сите елементи при опремување на кујната е вистински предизвик, а многу важен фактор при изборот е секако можноста, односно леснотијата на чистење на сите кујнски елементи, за да се задржи кујната чиста и пријатна.

Со изјавата дека ретко кој сака да мие садови, би се сложиле сите. Но, доколку треба да избереме нешто понеомилено од миење на садови, тоа веројатно би било чистење на рерната.

Замислете ја следната ситуација – по дружба со пријателите, ќе го средите станот и кујната и ќе ги измиете садовите и планирате да легнете на каучот со убава книга или интересна серија.

Но, потоа ви текнува дека ја немате исчистено рерната и дека наместо опуштање, ве чека чистење. Со Samsung Dual Flex рерната, која има состав на пиролитичко чистење кое ги загрева вдлабнатините и ја согорува целата маснотија, ќе можете заслужено да одмарате додеа рерната се чисти наместо вас.

Двојната врата отвора безброј можности

Освен иновативните опции за самочистење, Samsung Dual Cook Flex рерната ви нуди можност да подготвите вкусен ручек и сладок десерт во исто време. Рерната има две зони кои може да се користат истовремено на различна температура и подесувања.

Зоните функционираат засебно, така што, со отворањето на едната нема да се намали температурата на другата или на било кој начин да влијае на другата. За дополнителна заштеда на време, Samsung Dual Cook Flex го намалува времето потребно за постигнување на одредена температура за минута и половина.

Со тоа, не морате да се грижите за поголема потрошувачка на енергија благодарејќи на A+ Eco сертификатот со кој Samsung Dual Flex осигурува намалување на потрошената енергија до дури 20%.

Естетски додаток на вашата кујна

Со сите технички предности кои ги има Samsung Dual Cook Flex, оваа рерна исто така е и естетски префинет додаток на секоја кујна. Елегантната црна обвивка од не’рѓосувачки челик го комплетира дизајнот на рерната и совршено се вклопува во дизајнот и бојата на секоја кујна, а мазната црна површина дава чувство на беспрекорна елеганција.

Но, елеганцијата и функционалноста на рерната Samsung Dual Cook Flex не застануваат само на надворешноста. За готвење со леснотија, тука е телескопската решетка, која создава помалку триење и непречено лизгање, што во голема мера олеснува било какво работење како што е потопување, вртење и зачинување за време на печењето, како и вадење и ставање на тешки и големи тави.

Samsung Dual Cook Flex е совршен избор за сите кои живеат со брз животен стил и претпочитаат вкус на домашна кујна и свежо подготвени јадења. Сите функционалности на оваа рерна се дизајнирани да го скратат времето на подготовка, на готвењето и чистењето.

Ова ќе ви овозможи да уживате во вкусните оброци и слободното време кое сега, наместо да рибате и чистите, можете да го искористите како сакате.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за дигитална трансформација „GoDigital“ ги поканува успешните ММСП да аплицираат за поддршка за дигитална трансформација

Редакција

Основните училишта ќе добијат „Микро бит“ уреди: Децата ќе кодираат и дигитално ќе се описменуваат

Редакција

Хакирани 500 милиони корисници на социјалната бизнис-мрежа „Линкдин“

Редакција