Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.
Во оваа прилика пренесуваме содржина од документ на ЦИА од јануари 1947 година во кој агентите на ЦИА информираат за изборните резултати во Маакедонија.
„Следниве лица беа избрани на ноемвриските избори во Македонија: Д-р. Борис Спиров, претседател и министер за социјална политика, полковник Лукаревски, прв вице-претседател, С.Мустафа, втор вице-претседател, Владо Малески, прв секретар и директор на Радио станица Скопје и Димитар Сули, втор секретар. Овие официјални лица се залагаат за независна Егејска Македонија“, пишува во документот на ЦИА.
Оргиналниот документ ТУКА.