еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас: Мицотакис им должи извинување на Грците што ги измами и ги наполни со лаги, омраза и поделби за Договорот од Преспа

Кога го решивме проблемот со северните соседи, одбраа да ја кренат земјата на нозе, а сега премиерот на Северна Македонија ги фали за нивното верно почитување на Договорот од Преспа, ја поздравувам промената на ставот на Киријакос Мицотакис, но им должи извинување на Грците, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, говорејќи од Солун на „Thessaloniki Helexpo Forum“, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот на говорот, Ципрас се осврна на Договорот од Преспа и на ставот што актуелниот грчки премиер го имаше додека беше во опозиција.

-Кога го решивме, како што наметнаа интересите на нашата земја, долгогодишното нерешено прашање со нашите северни соседи со Договорот од Преспа, одбраа да ја кренат земјата на нозе. Денес премиерот на Северна Македонија ги фали за верното почитување на договорот од нивна страна.

Господинот Мицотакис, не само што се сретнува со него, а велеше дека никогаш нема се сретне, туку и се бори за спроведување на Договорот. Јас ја поздравувам промената на ставот на господинот Мицотакис, бидејќи ѝ служи на националниот интерес, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, кој заедно со Зоран Заев ја одиграа клучната улога во постигнувањето на Договорот од Преспа истакна дека Мицотакис им должи извинување на сите Грци „кои ги измами“, односно „извинување што партијата ја стави над татковината и ги наполни Грците со лаги, омраза и поделби“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан

Редакција

Симболите на грчкиот национализам: Задникот, Сонцето од Вергина и Богородица

Редакција

Тежок пораз на Ердоган на локалните избори, изгуби во Истанбул, Анкара и други големи градови

Редакција