еМагазин
Image default
Да помогнеме

Cooking with Branko организира хуманитарна вечера

Во недела, 31.3.2019, ќе се организира прекрасна хуманитарна вечера под водство на Cooking with Branko. Темата уште е тајна, но вечерата ќе биде во Вила „Infinity“ во Скопје, со почеток во 18.00 часот.

Картите преку кои ќе се донира и учествува на вечерата може да се купат на kupikartizase.com.

Бранко за самиот настан вели:

„Да го направиме најхуманото селфи, и да споделиме многу насмевки, среќа и љубов со оние на кои што им е најпотребна. Сите собрани средства од овој настан ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Оваа вечер кујната на #cookingwithbranko ќе има тајна тема, а ваше е да уживате, да споделите хуманост и да бидете дел од најхуманото селфи во кујната на Бранко.

На многу луѓе на оваа планета им е потребна љубов, топлина, топол оброк и насмевка. Се надевам дека желбата барем малку ќе им биде остварена и ќе придонесеме за радост во нивните домови и топли срца.“.

Тој додава дека е многу благодарен на L’angolo di caffe за поддршката на настанот и за нивниот хуман гест. Според него треба да бидеме горди на себе и да споделиме добрина во секој момент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарна акција за собирање на храна низ целата држава: Што и каде може да донирате

Редакција

(Видео) Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе

Редакција

Итно се потребни тромбоцити од крвна група А+

Редакција