еМагазин
Image default
Бизнис

Бизнисот со предлог како да се сузбие сивата економија

Предложените чекори за справување со сивата економија се неопходни за демонстрирање на јасна волја дека ќе има последици за оние кои работат нерегистрирано, а не како во моментов кога на удар се само регистрираните фирми, велат од Сојзуот на стопански комори.

Од таму бараат имплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на вршење на
нерегистрирана дејност со што би се регулирало работењето во сивата зона.

Исто така, и отпочнување на постапка за трансформација на неформалните активности во формални, поточно доброволна регистрација во прва фаза на контроли за оние кои нерегистрирано работат, а со тоа и нивен влез во системот на обврски.

„Во втората фаза, доколку во првата субјектите одбијат да се регистрираат и не престанат да вршат дејност во сива зона, да се применат репресивни мерки со изрекување на значителни глоби и кривични санкции, со што би се обиделе институциите да ги спречат нелегалните текови на пари.

Единствено со функционален механизам може да се справиме со сивата економија, бидејќи таа не придонесува во буџетот и дополнително ги дестимулира компаниите да инвестираат, со тоа што ги руши основите на еднаквост врз кои се темели пазарниот систем. Само со итно справување со оваа појава која е присутна во сите сектори на стопанството може да очекуваме одржлив и континуиран економски раст, повисок животен стандард и поволно деловно окружување.

Неопходна е потребата од јакнење на свеста дека сивата економија е штетна за сите граѓани на нашата земја. Тешко е во услови на сиромаштија да се спречи оваа појава, но нејзиното намалување ќе го зголеми обемот на работа кај оние кои работат и плаќаат данок, а со тоа и ќе придонесе за природно општо намалување на продажните цени.

Оние кои ги избегнуваат своите даночни обврски, ги оштетуваат сите граѓани и се неправедни спрема сите оние даночни обврзници кои работат законски. Сивата економија ја поткопува конкурентноста на компаниите и интегритетот на целиот наш даночен систем“, се вели во соопштението.

Анализите на Светска банка покажуваат дека учеството на компаниите кои се соочуваат со нерегистрираните или неформални вршители на дејност во Македонија е 55, 5% или најмногу во регионот пред Црна Гора со 52,4%, Хрватска со 48,2%, Албанија со 40,2%, Србија со 37,5% и Словенија со 26,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Без борба против сивата економија, црно ни се пишува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 11,36%

Редакција

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Редакција

Заштедите растат, доказ дека граѓаните веруваат на банките

Редакција