Д-р Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил порача дека според него, најдобрата стратегија за вакцинирање против Ковид-19 при дефицит на вакцини (а таква е глобалната состојба) и воедно најхрабрата и најпрагматичната и најчовечната е иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, којшто после 2-3 недели води до некаков имунитет (3/4 од вкупен) и примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.
„Придобивките од оваа стратегија се двострани. Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста.
Во секој случај, некаков имунитет (10-30% намаленa ефикасност во споредба со две дози) кај многу луѓе е подобар од „дво-дозен“ имунитет кај помала бројка на луѓе и далеку подобар од никаков имунитет кај голем број на луѓе“, напиша Кунгуловски.
Фото:Фејсбук/Кунгуловски