Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по синоќешниот пораз од Португалија, рече дека иако изгубивме, начинот на кој играат нашите фудбалери е вистински показател за тоа како да се движат во иднина.
„Да бидеме искрени, иако игравме финале и ја победивме Италија, уште не сме таму каде што се овие селекции. Далеку сме од тоа ниво, но начинот на кој играме во последните девет натпревари се прав показател како да се движиме во иднина.
Да не верував во овие момците уште во септември немаше да го прифатам предизвикот. Верувам во фудбалерите, во стилот на игра и карактерот. Да не ни биде ова инстант успех. Овој турнир е зад нас и мора да мислиме на иднината“, рече Милевски по натпреварот на „Драгао“ во Порто, Португалија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија изгуби од Португалија, не се пласира на Светското првенство во фудбал
Фото: ФФМ