еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Да навиваме за нашите фудбалери: Македонската репрезентација денеска игра со Украина

Македонската репрезентација денеска го игра вториот натпревар во рамките на Европското првенство во фудбал, со Украина.

Натпреварот ќе започне во 15 часот и ќе се игра на Националната арена во Букурешт.

На Фејсбук-страницата на Фудбалската репрезентација на Македонија има апел до фановите, во кој се вели дека: „сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за натпреварот со Украина, доколку се во можност, да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на денот.“

Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Маекедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум членки на ЕУ предложија одлуки за европската надворешна и безбедносна политика да се носат со квалификувано мнозинство

Редакција

И денеска кино на отворено во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува „Панкот не е мртов“

Редакција

Починатото бебе од Прилеп имало бактерија Ешерихија коли во дишните патишта

Редакција