еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Починатото бебе од Прилеп имало бактерија Ешерихија коли во дишните патишта

Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, Стојка Нацева –Фуштиќ за агенцијата Макфакс вели дека при приемот на Клиниката во дишните патишта кај бебето од Прилеп кое почина, имало бактерија Ешерихија коли.

Таа вели дека бебето ги имало двата најголеми индикатори на сепса, за која вели дека не може ниту да се претпостави каков замав ќе земе.

Бебето од Прилеп било примено на Детска клиника на петти ноември, во лоша состојба, млитаво, со нарушена свест и со повремени прекини во дишењето, велат од Клиниката.

„Бебето кај нас беше примено со висок прокалцитонин, кој е маркер за воспалителни процеси во телото и еден од индикаторите за рана неонатална сепса. Исто така беше утврдена и нарушена коагулација, во сите испитувани времиња коагулацијата на крвта беше нарушена, што исто така е индикатор за сепса.

Од дишните патишта на бебето беше изолирана бактерија Ешерихија коли која се смета за еден од најчестите причинители на сепса, но бактеријата не беше потврдена во хемокултурата.

Имаме два наода на хемокултура кои се негативни, но треба да имаме предвид дека бебето веќе беше на антибиотска терапија.

Состојбата му се влошуваше, му откажаа бубрезите, имаше попрогресивен тек на болеста, нешто што не може да се предвиди каков замав ќе земе, а исходот беше летален, седум дена по приемот кај нас“, вели Нацева–Фуштиќ за Макфакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од сепса почина новороденче од Прилеп, мајката ги обвини сестрите и докторите за негрижа

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софија дала дозовола за прелет на рускиот владин авион над Бугарија

Редакција

Парното поскапува за 4,5%: За просечна сметка од 1.800 денари, плус 80 денари

Редакција

Поројни врнежи во ноќните часови, се очекува зголемување на водостојот на реките: Уште едно предупредување од УХМР

Редакција