Гоце Јанѓеловски (32) кој живеел и работел во Германија починал како последица од компликации од коронавирусот.
Пријателите и семејството молат за помош, за да се соберат пари, посмртните останки да бидат транспортирани во неговото родно Делчево.
„Драги браќа и сестри вчера на 23.09.2021 година по неколку месечната борба со компликациите предизвикани од вирусот, се упокои во Христа нашиот мил брат Гоце Јанѓеловски, роден на 30.07.1989 година во Делчево, Македонија, а нецели две години со својата сопруга живееше во градот Бруксал.
Знаејќи дека трошоците околку транспортот до неговото родно место каде живее неговата фамилија се огромни, Ве известуваме дека во недела после завршувањето на богослужбата во храмот „Свети Никола” – Мајнц, ќе биде организирано собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош околку трнаспортот до Македонија на прерано починатиот брат Гоце.
Бог да го упокои во место светло каде што нема болка, тага или воздишка, а на семејството да им дарува утеха, сила и поткрепа,“ се вели на Фејсбук-профилот Sveti Nikola Mainz.
Кој што сака да донира, тоа може да го стори на сметка на Јане Анѓеловски, Комерцијална Банка, број на сметка: 300057073987370.