еМагазин
Image default
Македонија

Да се најде соодветен и неселективен начин за еднаков и слободен пристап на медиумските работници до сите настани, велат од АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на дел од медиумите за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Улогата на медиумските работници е да документираат и пренесат информации од настани кои се од висок јавен интерес, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки. Секое попречувањето на нивната работа претставува загрозување на слободата и правото на информирање.

Агенцијата апелира да се најде соодветен и неселективен начин, на сите медиумските работници да им се овозможи еднаков и слободен пристап до сите настани што се од големо општествено значење,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само неколку медиуми добија акредитација за следење на чествувањето на роденденот на Делчев, остра осуда од ЗНМ

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август

Редакција

Македонија на 108. место во светот по воена сила

Редакција

Бектеши не знае дали Владата ќе поднесе законски измени за да не покачат платите на функционерите за 78%

Редакција