еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Далеку е договорот за прекин на огнот, оценува Макрон по разговорот со Путин

На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по вчерашниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател, Емануел Макрон и Владимир Путин.

Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час.

Францускиот претседател од почетокот на руската инвазија врз Украина, осумпати разговараше со Путин и 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во претходно објавеното соопштение од Кремљ се наведува дека Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници.

Кремљ исто така посочи дека разговорот е одржан на иницијатива на Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев

(Вознемирувачко видео) Русите употребија солзавец против Украинците кои протестираат во окупираниот Херсон

Три можни сценарија за крај на војната во Украина

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавено едно лице

Редакција

Зголемување за 25,5%: За една недела 7.280 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Од Ковид-19 починаа две млади родилки, едното бебе е во критична состојба

Редакција