еМагазин
Image default
Македонија

„Данела Арсовска предизвика земјотрес на Западен Балкан“: Српските медиуми за оставката на премиерот Заев

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград.

Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција.

Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јавија РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера“, а потоа го победи Заев, Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години“ објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде“ пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ“ го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.

ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки, Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот“ и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија“.

-Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ.

Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава.

Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан“, како и дека ќе дојде друг преставник од С Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција по оставката на Заев загриженост за спроведување на Договорот од Преспа

Заев не оди во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Арсовска, прогласена за „Бугарка“, стана градоначалник на Скопје, Заев поднесe оставка: Бугарските медиуми за изборите во Македонија

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител од Охрид

Редакција

Возачките дозволи ќе важат до 75 години, за преголема бучава ќе се одзема возилото

Редакција

Нови 313 случаи на Ковид-19, оздравени 364, седум починати лица

Редакција