еМагазин
Image default
Македонија

Давидовиќ: Да беше некој друг на местото на Јанева, ќе беше во притвор

Да се работеше за некој друг на местото на Јанева, тој веќе ќе беше во притвор, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ за телевизија 24, на прашањето, зошто под истрага за предметот „Рекет“ не е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според него, обвинителката Вилма Русковска ќе треба да даде одговори и да каже што се случува, зошто е нешто преземено или не е преземено.

-Тоа можам да го споредам со ситуацијата во која до сега сме се наоѓале како бранители, уништување на докази апсолутно ќе предизвикаше барање и донесување на мерка притвор, вели Давидовиќ.

Тој порача Обвинителството час поскоро да ја заврши истрагата и да даде одговор на многу прашања што останаа отворени.

-Да кажете дека сте специјален јавен обвинител кој раководи со целокупната држава, кој е надлежен за цела територија на Република Македонија, и за сите снимки кои се многу моќно орудие, дека сте можеле да бидете злоупотребени, тогаш сигурно не сте можеле да седнете на тоа место, ако некој сакал да ве злоупотреби, посочува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Катица Јанева на плажа во Грција?

Сите на одмор, Катица Јанева на „работа“

Катица Јанева ја форматираше државата

фото: Телевизија 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубе Бошкоски ќе сведочи за „Тортура“ на СЈО

Редакција

Оливер Спасовски и Наќе Чулев единствени кои дале исказ во Обвинителството за софтверот на Рашковски

Редакција

Истражување на ССНМ: Медиумите ги поседуваат и ги управуваат главно мажи

Редакција