Дебарски бањи Цапа АД Дебар во деловната 2022 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 21,656 милиони денари, додека во истиот период од претходната 2021 година е остварен позитивен финансиски резултат од 2,017 милиони денари, информира Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупните приходи изнесуваат 188,150 милиони денари и се остварени во висина од 33% во соодност со истиот период од претходната 2021 година.
Вкупните трошоци од редовното работење изнесуваат 163,932 милиони денари и се зголемени за 18% во однос на 31.12.2021 година, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебарски бањи Цапа лани работела со добивка