еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деца од „Мал битолски Монмартар“ се сретнале со бугарски политичари, институциите формираат предмет

Министерството за внатрешни работи го известило Јавното обвинителство за случајот со „Мал битолски Монмартар“, откако деца од оваа културна установа во повеќе наврати имале средби со бугарски политичари, изминатиот период.

„По доставувањето на известувањето веќе имаме предмет. Апелирам и за овој и за друг случај да се достават кривични пријави, да се земат изјави на записник во однос на овие случаи за да можат и институциите да постапуваат. Не треба да ги отвораме предметите само по допрен глас.

Доколку има некаква злоупотреба тоа да се пријавува, за да можеме да постапуваме,“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, велат дека децата се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи.

„Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување,“ велат од „Меѓаши“.

Децата од Мал битолски Монмартар престојувале во Бугарија во рамките на проектот „Од двете страни на границата“ финансиран од фондацијата „Бугарско сеќавање“, на познатиот бугарски тајкун Милен Врабевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски на кој МВР му забрани влез во Македонија

Покрај изложби, посета на знаменитости и други активности, тие имале средба со поранешниот бугарски цар, Симеон Саксобурготски, како и бугарскиот претседател Румен Рандев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Извинете што Ве апсевме“: Твитер реакции за одлуката на судот дека Латас е невин

Редакција

Филипче: Лицата кои прележале Ковид-19 засега не треба да се вакцинираат

Редакција

(Фото) Министерот Милевски се вакцинираше против Ковид-19

Редакција