еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Милен Врабевски на кој МВР му забрани влез во Македонија

Министерството за внатрешни работи вчера му забрани влез на бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски, кој е главниот финансиер на т.н. бугарски клубови “Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михахајлов“, кои неодамна беа избришани од Централниот регистар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР забрани влез за европратеникот Ковачев и Врабевски, реагираше бугарското МНР

Кој е Врабевски

Врабевски е основач и директор на бугарската клиника „Комак Медикал“, која работи на проекти за истражување и развој во клиничката медицина. Компанијата спроведува истражување во 28 земји, покривајќи ја Европа, Азија и Северна Америка.

Врабевски е сопственик и на образовниот институт „Цар Симеон Велики“.

Во 2010 година, Врабевски ја основал музичката продуцентска куќа “Интелигент мјузик“ за популаризација на современата бугарска музика и култура.

Врабевски е основачки претседател и на Фондацијата “Бугарска меморија“, основана во 2007 година, преку која денеска финансиски помага бугарски клубови во Македонија, но и во Албанија.

За “браќата и сестрите“ од Македонија

На македонската јавност, Врабевски и стана познат кога за време на ковид-пандемијата организираше вакцинирање против Ковид-19 за “браќата и сестрите“ од Македонија во Бугарија, промовирајќи ја тезата на официјална Софија дека во Македонија има 120 илјади бугарски државјани.

Активен е и во барањето “Бугари“ во Албанија, иако тамошното население му вели дека се Македонци, како што има изјавено и самиот, тој не се откажува, како што вели, од „помагање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Фото: Комак Медикал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Редакција

Кој е Филип Николоски, новиот заменик министер за финансии

Редакција

Ќе ги скара ли Гоце Делчев, Македонија и Бугарија?

Редакција