еМагазин
Image default
Македонија

Дефинитивна одлука за функционирање на градинките во четврток

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учебната година ќе почне онлајн, ама не се знае кога

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 704 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

68 се реинфекции: 476 нови случаи на Ковид-19 од 2.781 тестови

Редакција

Софија нема да направи отстапки кон Скопје поради надворешниот притисок, вели бугарскиот копретседавач на заедничката Комисија

Редакција