еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од изолација заболените со Ковид-19 ќе излегуваат без контролните тестови

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме и нов протокол за ослободување од изолација на пациентите, при што повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања. Новиот протокол се темели на опсежни анализи на истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, понатаму на препораката на Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за контрола и превенција на болести, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

По објавените препораки веќе на крајот на мај, посочи, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и според анализите, досегашните сознанија укажуваат на фактот дека кај пациенти кај кои има дијагностициран SARS COV 2 вирус, независно од резултатот на последователното контролно тестирање кај истите не е присутен вијабилен односно репликативно компетентен вирус, што може да е доволно силен за да предизвика зараза после 10 дена кај асимптоматските пациенти, односно 20 дена кај пациентите кои имаат симптоми, односно 10 дена или 20 дена после позитивниот тест.

– Имајќи го предвид ова искуство на МАНУ, кое е идентично на бројните сознанија и испитувања и публикации од соодветните стручни списанија дека кај пациентите во фаза на рековалесценција може да се детектира дел од еден ген на вирусот и тоа во подолг временски период некогаш и период од два месеца, а понекогаш интермитентна детекција, а тоа се нашите понекогаш позитивни контролни тестови, но тие вируси не може да предизвикаат докажано инфекција, рече Филипче.

Тој потенцира дека според тоа мислење на МАНУ и препораката од СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести, предвидуваат ослободување од изолација на позитивните пациенти без контролни тестирања.

Согласно новиот протокол, појасни министерот, позитивниот тест преку лабораториите стигнува во центрите за јавно здравје и во системот МојТермин понатаму се дистрибуира до матичните лекари.

– Тие ќе имаат обврска, што и сега го прават за електронско следење на пациентите секојдневно, притоа укажуваат дали пациентот има или нема симптоми и доколку нема односно пациентот е асимптоматски, десеттиот ден автоматски се генерира извештај за завршетокот на изолација односно 20 дена кај пациентите кои имале симптоми.

Контролен тест за евиденција нема да се прави, заради тоа што опсежните анализи укажуваат на тоа дека детектираните вируси во контролните брисеви апсолутно не можат да предизвикаат инфекција, истакна Филипче на заедничката прес-конференција со министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Филипче додаде дека претходните пораки кои досега важеа кај нас и во многу други земји во светот за два негативни теста беа базирани на искуствата од САРС и МЕРС вирусите, поради тоа што овој вирус се уште беше непознат додека најновите препораки ги земаат во предвид сознанијата генерирани во последните шест месеци од оваа пандемија.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини, вели Спасовски

Редакција

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија

Редакција

Путин им врати на лидерите на Г7: Би било одвратна глетка, ако тие ја соблечат облеката

Редакција