еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Дел од матичните лекари се уште без плата, бидејќи ФЗО доцни со исплата на капитација

Дел од матичните лекари кои се на прва линија на фронтот во борба со ковид-пандемијата, се уште се без плата, бидејќи Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се уште не префрлил пари за капитација, дознава „еМагазин“.

„Исплатата на капитацијата доцни заради измената на Правилникот за плаќање во ПЗЗ во делот на остварување на целите.

За надминување на препишана антибиотска терапија, нема да се крати од варијабилниот дел и затоа ни беше потребен период на адаптација на контролниот систем,“ велат од Фондот за здравствено осигурување за „еМагазин“.

Од таму додаваат дека најголемиот број на матични лекари веќе ја добиче капитацијата за месец јануари.

„Останати се за дополнителна контрола околу педесет ПЗУ, кои до крајот на неделата ќе ја добијат капитацијата,“ додаваат од ФЗО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот зафати насади со марихуана во Росоман

Редакција

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Редакција

(Видео) Руски проектил погоди станбена зграда во Киев

Редакција