Судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз” делумно ги прифати предлозите на странките за дополнение на доказна постапка.
Обвинителството во ова фаза побара од судот да не ги прифати предлозите на обвинетите со образложение дека истите претходно се апсолвирани.
Обвинетата Фросина Ременски на претходното рочиште предложи нови материјални докази кои таа ги надоврзува со, според неа, незаконскиот претрес во нејзиниот дом од страна на полициски службеници.
Додека, првообвинетиот Бојан Јовановски, предложи како докази да се презентираат повеќе комуникаци меѓу него и поранешни функционери на власта од вацап апликацијата.
Покрај Бојан Јовановски, обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.
Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
МИА