еМагазин
Image default
Локално

Денеска ќе биде гужва во сообраќај: Еве кои улици ќе бидат затворени

Министерство за внатрешни работи информира дека денеска ќе бидат затворени неколку сообраќајници.

„На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Исто така утре во периодот од 11 до 13 часот, поради спортската манифестацијата – трка со ролери – во организација на ЈУ „Детски културен центар“ Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанка пријавила обид за силување од жител на Виница

Редакција

„Врие“ од дрога низ кафулињата: И синоќа при контроли во угостителски објекти, приведени седум лица

Редакција

Тројца тепале скопјанец на улица

Редакција