еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) По случајот во Битола: Се за игрите „Син кит“ и „Момо“ кои ги тераат децата да се самоповредуваат

Министерството за внатрешни работи ќе го истражува случајот со самоповредување на неколку ученици во Битола, инспирани од видео игри со предизвици, како „Синиот кит“.

За сега не е познато колку деца во Битола, но и пошироко во земјава играле игри кои ги тераат да исполнуваат задачи, кои вооглавно се состојат во самоповредување, каков што е и случајот со децата од Битола.

Што е „Синиот кит“

Станува збор за игра наменета за деца и тинејџери во која тие се предупредуваат дека мора да ги следат задачите зададени преку интернет и како доказ за тоа да испратат фотографија со извршената задача.

Вообичено, задачите се состојат во различни форми на самоповредување.

Доколку не го направат тоа, добиваат и закани дека ќе бидат повредени нивните родители.

Играта потекнува од Русија, а истата се игра и во Европа. Регистрирани се случаеви во Шпанија, Велика Британија…, но и во соседството во Србија и Хрватска.

Со играта се поврзуваат бројни самоубиства на тинејџери низ светот.

Повеќе детали за играта во видеото (на српски јазик):

Момо

Неодамна приказната за Момо ја анализираше и угледниот Гардијан, кој предупредува на се што можат наидат децата на интернет.

Според уредничката за видео игри во Гардијан, Момо, се базира на лажна вест.

Страшниот лик кој наводно се појавува во видеа за деца и ги тера да прават ужасни работи, да се повредуваат сл., е вирална шок-сторија, помогната од грозна фотографија.

Какви се други опасности ги демнат децата на интернет повеќе во текстот на Гардијан, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за случајот со самоповредени ученици во Битола

(Видео) Родители внимавајте: Четворица основци од Битола сечеле вени инспирирани од интернет игрите „Момо“ и „Синиот кит“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишното момче кое се удави во Црна Гора било од Тетово: Детали од МНР

Редакција

Нема никого да подложувам на тортура овде, рече Ескобар по средбата со Ковачевски

Редакција

Почна да тече рокот за плаќање пенали на Бехтел и Енка

Редакција