еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Врие“ од дрога низ кафулињата: И синоќа при контроли во угостителски објекти, приведени седум лица

Седум лица се лишени од слобода откако кај нив при контроли извршени синоќа од страна на припадници на МВР во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе патнички возила во Скопје, биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази.

Како што соопшти МВР, контролите се извршени во периодот од 21.30 часот на 9 април до 3:00 часот на 10 април 2022 година од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

-Имено, кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена „екстази“, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага.

По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 28 болни од Ковид-19

Редакција

Личност на годината на еМагазин: Марко Пејчиновски

Редакција

(Видео+галерија) Како се обележа Водици во Охрид: Езерото брануваше, а температурата на водата беше 9 Степени

Редакција