еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Денеска нов обид за евакуација на цивили од Киев, Суми, Харков, Чернихив и Мариупол

Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

„Руската Федерација објавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови.

Станува збор за градовите Киев, Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина.

Третата рунда руско-украински разговори заврши синоќа во Белорусија, а Украинците изјавија дека се постигнати „позитивни резултати“ за хуманитарните коридори, а Русите рекоа дека „можело да се направи повеќе“.

„Постигнавме одредени позитивни резултати во логистиката за хуманитарни коридори“, објави на Твитер, Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател и член на преговарачката делегација.

Третата рунда преговори се одржа во Беловешката Шума, национален парк на границата меѓу Белорусија и Полска.

По други разговори минатата недела, во четвртокот беше договорено да се отворат хуманитарни коридори за цивилите во областите на тешки борби. Сепак, договорот не беше спроведен, а Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на цивили.

Москва вчера соопшти дека хуманитарните коридори ќе одат кон Белорусија или Русија, што Украина го опиша како „целосно неморално“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Девојче ја пее „Let it go“ во скривница во Украина, снимка која го обиколи светот

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

142 нови случаи на Ковид-19 од 2.046 тестови, 28 се реинфекции

Редакција

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција

Велешанецот кој го уби соседот во кавга за вода осуден на 40 години затвор

Редакција