еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска почнува судењето на сопственикот на „Доказ„, Марјан Стаменковски

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против сопственик на портал, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари.

Станува збор за сопственикот на „Доказ“, Марјан Стаменковски.

Според Обвинителството, обвинетиот се товари дека преку неговиот веб порталот сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика.Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за сопственикот на порталот „Доказ“, формиран и нов предмет

Кај сопственикот на порталот „Доказ“ запленета поголема сума пари, вмешана и истражителка: За што се го сомничи Обвинителството

МИА/еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

Редакција

Во Бугарија нема Македонци, вели бугарскиот премиер Петков

Редакција

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

Редакција