еМагазин
Македонија

Денеска преку Ковакс механизмот ќе пристигнат 110.612 вакцини Фајзер

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот, велат од Министерство за здравство.

„До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.

Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.

Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски,“ се вели во соопштението.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе купува транспортни хеликоптери од Италија

Редакција

Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет

Редакција

(ВИДЕО+ФОТО) Пожар кај Пехчево: Огнот стигна над селата Робово и Умлена

Редакција