еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Денеска се одржува „Скопскиот маратон“ ќе има посебен сообраќаен режим, еве кои улици ќе бидат затворени

Поради трките од „Скопски маратон 2022“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.

Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење:

Траса на движење на трката од 5 км: Старт пред Собрание, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, па полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – Собрание на ул.„11-ти Октомври“, се наведува во соопштението

Траса на движење на полумаратонот од 21 км и штафетната трка на 42 км (со напомена дека за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати по наведената траса): Старт пред Собрание на ул.„11 Октомври“, право кон Плоштад Македонија низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, па лево по бул.„Св. Климент Охридски“, десно по ул.„Св. Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса, сѐ до Собрание на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Јане Сандански“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – Плоштад Македонија.

– Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 новозаразени со Ковид-19 во Чаир: Во кои скопски општини има нови случаи

Редакција

Убава вест: Оздравени 556 болни од Ковид-19

Редакција

Нов раст: 805 нови случаи на Ковид-19 од 6.980 тестирањa

Редакција