еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Битиќи ја одби поканата на Мицкоски за средба, го покани на Економски совет да ги презентира мерките

Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал, опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието.

Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Еве, посочува Битиќи, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно.

– Нема потреба од разговор во четири очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа, напиша Битиќи.

Објавата на Битиќи на неговиот Фејсбук-профил следува по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на Фејсбук го покани вицепремиерот за економски прашања утре да дојде на состанок во 12 часот во седиштето на неговата партија, со цел, како што вели, детално да му го објасни неговиот планот и концептот, кои „ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски го покани Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да му презентира планот за закрепнување на економијата и помош на бизнисот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли отпуштања на вработени со спојувањето на Охридска банка и Шпаркасе

Редакција

(Фото) Во пасошите почнаа да се става печатот со појаснување дека припаѓаат на Северна Македонија

Редакција

Од почетокот на тензиите во Судан нема регистрирани повици за помош од наши државјани, велат од МНР

Редакција