Денеска во Охрид се отвара бугарскиот културен клуб “Цар Борис Трети“, а од ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По повод отварањето на бугарскиот клуб, кој носи име на соработник на Адолф Хитлер, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи упати апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став.
-С Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, како и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, наведоа од МНР.
Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид