еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ обезбеди гас за Скопјани од Макпетрол, но само за две недели

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, информираат од ЕСМ.

-На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1.713 евра за 1.000 нормални метри кубен гас.

За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ – ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје, информира компанијата.

Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) За прв пат во чест на Македонија, разгорен вечниот оган во Париз

Редакција

Која е Гордана Димитриеска-Кочоска, новата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ангелов апелира до граѓаните да ги избегнуваат повисоките места кога се највени снежни врнежи

Редакција