еМагазин
Image default
Македонија

Дерковски: Приговорите од ниту една партија не беа целосни, 1.478 од Левица не беа потпишани

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски вели дека Комисијата ги одбила или отфрлила сите приговори во однос на изборниот процес затоа што, како што посочи, ниту еден од нив не бил целосен и поткрепен со докази и записници.

-Немаше воопшто докази за приговорите и во тоа беше проблемот, рече тој во гостувањето на „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, образложувајќи го одбивањето на сите приговори за изборите.

Веројатно, додава тој, подносителите си имаат свои причини зошто ги поднеле на тој начин.

-Да поднесете приговор во кој што ќе напишете три реченици и во кој што ќе објасните некоја ситуација за повреда на избирачко право или повреда на постапка за сумирање на резултати, без било каков конкретен доказ, записник од избирачкото место во кој се гледа дека е ставена забелешка од некој од присутните на гласачкото место, од подносителот, а да очекувате дека некој ќе ви прифати приговор, тоа нема да се случи, истакна Дерковски.

Тој појасни дека ДИК отфрлила 1.478 приговори од Левица, бидејќи не биле потпишани. Дерковски тврди дека не е битен печатот, туку потребен е само потпис за да се идентификува подносителот и од тие причини како неуредни согласно Изборниот законик биле отфрлени тие приговори.

-Сите останати 505 или 504 беа со ист текст, и реченици кои беа копирани во сите приговори. Дури во нив имаше дваесеттина каде пишуваше „приговор за избирачко место нула“, рече претседателот на ДИК.

Тој потенцира дека во 61 приговор на Алијанса за Албанците и Алтернатива стои истото име на починат и истиот текст во образложението, вели Дерковски, кој оценува дека тоа е несериозно однесување за една политичка партија.

-Политичките партии треба серизно да си ја сфатат работата и во иднина малку повеќе внимание да посветат на оваа постапка за да не се случуваат вакви работи, рече тој.

Што се однесува до приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за неважечките ливчиња, според кои граѓаните во текот на кампањата биле наведувани да го пречкртаат „Северна“ на ливчињата за подоцна да бидат прогласени како неважечки, вели дека доколку имаат такви наводи тогаш треба да поднесат пријава до Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Управен суд, Сејдини: Нема поднесено тужби по решенијата на ДИК

Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до ОЈО против претседателот и членовите на ДИК

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува влезот на Македонија во НАТО

Редакција

Груевски и Јанакиески на суд: Продолжува судењето за „Насилство во општина Центар“

Редакција

Убава вест: Оздравени 355 болни од Ковид-19

Редакција