Десет пациенти болни од Ковид-19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.
„Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување.
Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка,“ информира координаторот на ковид центарот, доктор Гзим Нуредини.
Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу десетте починати лица од Ковид-19 од Тетово и 36-годишна жена
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.