еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 527 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 81 пациент позитивен  и суспектен  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 66 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 32 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациент, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 28, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 873 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со изведување на докази од одбраната продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

220 се реинфекции, едно лице заразено по третпат: Нови 1.543 случаи на Ковид-19

Редакција

Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета втора

Редакција