Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 154 заразени од Ковид-19 најмногу во Скопје и Куманово
Починаа шест лица од Ковид-19, најмладиот има 44 години
Рекордни 386 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје 178
Фото: МЗ